Warning: A non-numeric value encountered in /home2/itdcovnm/public_html/itd.mk/wp-content/themes/Divi/functions.php on line 5806

ИЗЈАВА ЗА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

 

Почитуван подносителу на пријавата!

Ова е официјална страница за регрутирање лица за вработување во Инфософт Груп. Ценејќи го Вашиот интерес за вработување во нашата Група, би сакале да разјасниме дека ИнфоСофт Мениџмент Сервисис ш.п.к (InfoSoft Management Services sh.p.k) е овластена компанија на Групата за нудење услуги за вработување на кандидати.

Оваа компанија се грижи сите податоци од секој подносител на пријава што ќе пристигнат во базата на податоци да се чуваат со голема безбедност во системот, додека истовремено таа е посветена кон ригорозно имплементирање на севкупната правна рамка за заштита и за почитување на сите активности поврзани со презентираните податоци, особено во согласност со одредбите од Уставот на Република Македонија и од Законот за заштита на лични податоци што се во сила („Службен весник на Република Македонија“, бр. 7/05, 103/08, 124/10 и 135/11) и подзаконските акти за имплементирање.

Со желба за поефикасна соработка, гарантираме дека обработката на Вашите лични податоци ќе се врши само со цел вработување во нашите компании, во функција на оценувањето на Вашиот прием за слободни работни места во согласност со критериумите.

Бидејќи сме и контролори и обработувачи на податоци, презедовме мерки за заштита на Вашите лични податоци од незаконско оштетување, и/или инциденти, загуба, манипулации, како и пристап до нив или нивно ширење од неовластени лица.

Со упатување на важечкото законодавство што се однесува на заштита на личните податоци, преку барање испратено по електронска пошта на оицијалната електронска адреса jobs@itd.mk, вие имате право да барате исправка на Вашите податоци што сте ги поднеле по Ваша волја во текот на аплицирањето за вработување.

Со кликнување на Accept давате согласност за обработка на податоците што сте ги поднеле на формуларот за пријавување во текот на фазите на избор на вработени за работно место. Процесот на избор значи и дека Вашите податоци може да бидат пренесени од Infosoft Management Services shpk во друга компанија во рамките на Инфософт Груп.

Вашите податоци ќе се чуваат во базата на податоци 1 година и ќе се земаат предвид при избор за нови вработувања не само за тековните слободни работни места, туку и за други можности за вработување во Инфософт Груп.