Оддел за човечки ресурси
Одделот за човечки ресурси има важна улога во функционирањето и во работата на Компанијата.
Главните столбови на кои се потпираат нашите активности се:
- Вработување персонал што е професионален, амбициозен и квалификуван преку имплементирање на ефикасни програми.
- Континуирана обука на вработените заради подобрување на перформансите, на професионализмот и на скалата за напредување во кариерата во рамките на структурата на Компанијата.
- Редовна оцена и документирање на работата на секој вработен во функција на мотивирање и на перформансите на секое работно место.
- Мотивирање на вработените заради поттикнување на личните вештини и зголемување на работната ефикасност.