ЗА НАС

InfoSoft групацијата е основана во 1991 година и ги вклучува следните компании:

Друштвото ИТД Дистрибуција ДОО е основано во 2007 година како Инфософт системи ДОО, Македонија. Во 2010 година името на компанијата е се менува во ИТД Дистрибуција ДОО, Македонија.

ИТД Дистрибуција е компанија со најбрз раст не само во InfoSoft групацијата , туку и во источно европскиот регион.

Во последниве години, и покрај глобалната економска криза, ИТД Дистрибуција Доо прикажува високи перформанси во своето работење.

Постигнатиот успех и ефикасност се должат на посветеноста и напорната работа на вработените како и желбата за професионален и личен развој. Стремејќи се кон повисоки перформанси, а земајќи ја во предвид реалноста на пазарот , фокусирајќи се на навремена дистрибуција, квалитативни односи со партнерите, висока бизнис етика, професионалноста и знаењето во процесите на продажба, како и добра логистичка подршка, ИТД Дистрибуција прерасна во водечка компанија за дистрибуција на ИТ опрема на Македонскиот пазар. Компанијата е  овластен дистрибутер за Dell и многу други познати брендови во Македонија, Албанија и Косово.

Задоволството на нашите партнери е и наша цел, истата  ја остваруваме преку брза  и одговорна комуникација, прилагодување кон потребите, проблемите и барањата на нашите бизнис соработници.

ИТД Дистрибуција Македонија е сертифицирана и работи според ISO 9001 стандардот за управување со квалитетот.